ПОВЕЌЕ

    Владимир Пецовски купува, „Настел“ продава акции на „Реплек“

    Време зa читање: 2 минути

    Зачестени купопродажни активности со акциите на една од поуспешните фармацевтски куќи во Македонија. Владимир Пецовски има удел од 6,33 отсто во сопственичката структура на „Реплек“, откако купил уште една акција. А, „Настел“ продал 682 хартии од вредност и сега поседува 9,1 процент.

    Ова се последните информации кои „Реплек“ преку Македонска берза ги сподели со инвеститорската јавност.

    „Акционер со над 5% Пецовски Владимир се стекна со 1 нова акција, со што поседува вкупно 16.401 или 6,33% од вкупниот број на акции.

    Акционер со над 5% односно компанијата Настел ДООЕЛ продаде 682 акции, со што поседува вкупно 23.588 или 9,10% од вкупниот број на акции“, пишува во објавата од компанијата.

    Пред само неколку дена делот на „Настел“ се намали на 9,36 отсто, откако продаде пет акции. Вториот најголем акционер тоа го сторил пред 11 јули, односно пред поделбата на акциите што се изврши на 15 месецов. Со поделбата во однос од еден спрема десет цената на акцијата се намали. Односно, пред таа операција го надминуваше прагот од сто илјади денари. Денес, пак, имала цена од просечни 15,893.77   денари.

    Градежната компанија „Настел“ во „Реплек“ влезе пред неколку години, а сопственикот Зоран Азманов најавуваше свое поголемо учество во фармацевтскиот бизнис.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично