ПОВЕЌЕ

    Бочварски: Со проекти од 540 милиони евра достигнавме највисоко ниво на капитални инвестиции   

    Време зa читање: 2 минути

    Капиталните инвестиции од 540 милиони евра на Министерството за транспорт годинава се историски најголеми досега. Министерот Благој Бочварски споредбата ја прави со однос на изминатиот период, пичнувајќи од 1991 година.

    „Можам да истакнам дека до денес имаме највисоко ниво на капитални инвестиции, историски гледано од 1991 година. Од независноста на државата до денеска. Ако минатата година имавме 465 милиони евра капитални инвестиции, оваа година до денес инвестициите во капитални проекти се некаде 540 милиони евра. Очекувам таа бројка да продолжи да расте се до последниот ден од оваа година“, нагласи Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање на МИА за висината на капиталните инвестиции оваа година.

    Проектите се реализираат и во локалните средини и на регионалните и на магистралните патишта,  на сите проекти каде што се инвестира од страна на државата.

    „Работиме и на изградба на железничката пруга во првите две делници, каде што имаме одличен прогрес на работите, а пред неколку дена беше распишан и тендерот за третата делница, така што наредната година очекувам да биде уште посилна и реализацијата на сите проекти да продолжи непречено“, рече Бочварски

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично