ПОВЕЌЕ

    Прилагодување на пазарите за новата реалност

    Време зa читање: 2 минути

    Почетниот шок на пазарите по избувнувањето на конфликтите на Блискиот Исток стивна, но неизвесноста, особено на енергетските пазари, останува. Изгледите за економски раст, инфлацијата и политиката на централните банки во наредните месеци, се вратија во првите редови на вниманието на инвеститорите.

    Ставовите на американската централна банка остануваат непроменети – врвот на каматните стапки е близу или е веќе достигнат, а повисоките каматни стапки ќе опстојуваат уште долго, бидејќи американската економија останува отпорна на построгите услови за задолжување, а вработеноста е висока. Ако пред извесно време пазарите успешно се прилагодија на сегашните повисоки каматни стапки, им требаше многу подолго да се помират со предвидувањата дека повисоките каматни стапки стануваат нова реалност и дека брзиот пресврт во политиката на централната банка не е очигледен. Според тоа, во последните недели повторно преовладуваше понегативно расположение на берзите, особено на пазарот на обврзници.

    Повисоките барани приноси на обврзниците (обратно пропорционални на цената) беа во центарот на вниманието на европските берзи. Стравот од последиците од геостратешките тензии на Блискиот Исток и не баш најдобриот почеток на сезоната на објавување на кварталните резултати на некои од најголемите европски компании, дополнително придонесе за негативното расположение. Индексот STOXX Europe се тргува на ниво близу вредностите од почетокот на оваа година.

    Кинескиот БДП порасна за 4,9% на годишно ниво во третиот квартал, но внимавајте, пред една година најголемите градови во Кина сè уште беа во блокада, а употребата на податоците за дефлацијата на почетокот од годината го „надуваа“ економскиот раст за повеќе од еден процентен поен. Барем на прв поглед, поохрабрувачките економски податоци останаа во сенка по веста дека гигантот за недвижнини Кантри Гарден не успеа да ја подмири доларската обврзница дури и за време на 30-дневниот грејс период и на тој начин брзо ќе стане уште еден во низата кинески недвижности кои ќе појдат во стечај.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично