ПОВЕЌЕ
    ПОВЕЌЕ

      TРАЈАН АНГЕЛОСКИ СЕФФ 2023: Градење силен економски раст е патот до побрза интеграција во европската унија

      Време зa читање: 2 минути

      На третата меѓународна конференција Скопски економски и финансиски форум – CEФФ 2023 со наслов „Економска интеграција и економски просперитет” организирана од Mинистерството за финансии, фокусот беше ставен  на забрзаната интеграција на нашата земја и западниот Балкан.

      Потикнувајќи ја   синергијата на идеи и иницијативи од присутните кои се дел од креаторите на политики, политичките претставници, меѓународните партнери за развој, граѓанското општество, академската заедница и бизнис секторот ја потенцираа потребата за забрзана европска , регионална и  економска  интеграција.

      На 4-та панел дискусија зема учество г-дин Трајан Ангелоски претседател на Сојузот на Стопански Комори на Македонија  на тема ,,Глобални трендови и деловни можности ,,акцентирајки го следното:

      ,,Доколку навистина имаме искрена желба да се зачлениме во ЕУ , ќе мора континуирано  напорно и амбициозно да се потрудиме, да ја развиваме нашата економија. Да се насочиме за  долгорочен економски раст, фискална консолидација, подобрување на легислативата, да делуваме и  заеднички да работиме на  стабилен економски раст, поврзување и можност за долгорочен  развој на нови  ЕУ пазари, инвестиции во зелена технологија и обновливи извори на енергија,  дополнително Европската и регионална интеграција силно влијаат врз развојот  и работењето на бизнис секторот. Во моментов интензивно ни е  потребна промоција и брендирање на нашите македонски производи и со тоа се  зголемува конкурентноста на македонските производи .Еу како пазар  е можност  за сите како единствен пазар од 500  милиони луѓе,со тоа се зголемува пристапот до нови потрошувачи и се поттикнува економско јакнење на регионот ,,

      Активно ќе продолжиме соработка со компаниите  и заеднички ќе  градиме  поцврсти бизнис релации со потенцијални европски партнери се со цел за  побрз  развој на македонскиот  бизнис сектор,,посочи  преседателот на ССК Ангелоски.

      14,794Следи нè на facebookЛајк

      слично