Плаќај со Google Pay и Mastercard картичките од Комерцијална банка за лесни и брзи трансакции!

Време зa читање: 2 минути

Google Pay™ и Mastercard картичките од Комерцијална банка го комплетираат врвното искуство на лесни и брзи плаќања со твојот паметен телефон или часовник. И ти овозможуваат целосно уживање во светот на дигиталните плаќања.

Со едноставно додавање на твоите Мastercard картички од Комерцијална банка во апликацијата Google Wallet™ на твојот Android или WearOS уред, добиваш дигитален паричник прифатен во секое време на милиони продажни места во светот што прифаќаат бесконтактни платежни трансакции.

Како и многу пати досега, и со оваа новина ти овозможуваме едноставна и ефикасна дигитална алатка, а нејзиното активирање се прави во два чекори

  • Симни ја бесплатната апликација Google Wallet
  • Додај ја во Google Wallet твојата Mastercard картичка од Комерцијална банка

Google Wallet апликацијата е достапна преку Google Play Store за Android и WearOS уреди и во истата секој клиент ја користи својата сметка во Google. Сам бираш колку Mastercard картички ќе додадеш и со која картичка ќе вршиш плаќање.

Комплетирај ја својата урбана колекција со Google Pay™ и Mastercard картичките од Комерцијална банка.

Повеќе информации за новата дигитална услуга се достапни на следниот линк.

14,794Следи нè на facebookЛајк

слично