ПОВЕЌЕ

    Медијацијата успешна – вработените во УЈП ќе добијат поголеми плати

    Време зa читање: 2 минути

    Постигнат е договор меѓу Синдикатот на Управата за јавни приходи и раководството, објави директорката Сања Лукаревска. Сепак, изостанаа детали за содржината.

    Договорот, до кој е дојдено со посредство на медијаторот Илија Манасиев, бил потпишан во петокот, информираше Лукаревска во емисијата „SummerClick“ на ТВ21. „Во петокот беше потпишан колективен договор меѓу синдикалната организација и УЈП и беше добиено позитивно мислење од Министерството за финансии“, наведе директорката, која посочи дека вработените ќе добијат зголемување на платите.

    Вработените кои незадоволството од платите го изразуваа со двочасовен прекин на работата, бараа почитување на колективниот договор и зголемување на месечните примања за 30 проценти.

    На крајот од минатиот месец го почнаа преговарачкиот процес во кој посредуваше помирувачот Манасиев. И двете страни пристапија со уверување дека исходот ќе биде позитивен, иако од синдикалците и тогаш нагласија дека секоја одлука која е спротивна на нивните заложби автоматски ќе доведе до генерален штрајк на вработените во УЈП.

    Инаку, како датум за почеток со генерален штрајк беше одреден 27 јуни, но се стави во мирување со назначувањето на медијаторот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично