Славица Туџарова-Трајковска, која е акционер со над пет проценти во „Реплек“ АД Скопје, продаде осум акции. По оваа трансакција во нејзина сопственост се 2.727, односно 10,52 отсто од вкупниот број акции на компанијата.
Акционерот, со исто така сопственост поголема од пет проценти, Владимир Пецовски, се стекна со 10 нови акции. Во моментот е сопственик на вкупно 1.605 обични акции или 6,19 проценти.
Претходно, минатата недела, Пецаковски купи пет акции на скопски „Реплек“.
За промената на сопственоста информираат од „Реплек“, преку објавата на Македонска берза, согласно Правилата за котација.