ПОВЕЌЕ

    Пелагониските компании добија помош од 506 милиони денари

    Време зa читање: 2 минути

    За четири години се исплатени повеќе од 506 милиони денари преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции на 77 компании во Пелагонискиот регион. На тој начин се придонесува за рамномерен развој, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, при посетата на компанијата „Цермат“ во Битола, сопственот на стопанственикот Зоран Ристевски.

    „Цермат“ е современа европска компанија која ги следи светските трендови со постојано усовршување во производството на сладолед и континуирано воведува и нови производи, како што се замрзнато овошје и зеленчук, лиснато тесто, замрзната риба, млечни и кондиторски производи, препознатливи дома, во регионот  и во земјите на ЕУ, посочи Битиќи.

    „Особено се радувам кога гледам европски дух, современ начин на функционирање на нашите компании како што е примерот со Цермат, каде секој производ е изработен од високо квалитетни суровини по оригинален рецепт и најсовремена технологија со меѓународниот стандард за храна IFS. Токму затоа со првиот договор за финансиска поддршка за периодот 2017-2021 година компанијата добива финансиска поддршка, со акцент во делот развој и истражување, со исплатени над 48 милиони денари“, изјави вицепремиерот.

    Финансиската помош ја охрабри компанијата за нов инвестициски циклус, во кој влезе во 2021 година, со времетраење на проектот до крајот на 2025 година, со исплатена финансиска поддршка од над 6,4 милиони денари.

    Според Битиќи, само минатата година се потпишани повеќе од 270 нови договори за поддршка со компании кои влегле во инвестициски циклуси од околу 145 милиони евра, при што ќе креираат над 3.700 работни места во наредните пет години или до завршувањето на нивните договори.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично