ПОВЕЌЕ

    К-15 од 37.600 денари за вработените во КАМ – 175 насто повисок од законскиот минимум

    Време зa читање: 3 минути

    Регресот за годишен одмор, наменет за вработените во „Кам маркет“, годинава е во износ од 37.600 денари. Нивото е утврден по значителното зголемување за 14 насто во однос на минатогодишната исплатена сума. А, за 175 проценти е над законски утврдениот минимален износ на популарниот К-15. Воедно, повеќе години наназад е повисок од просечна плата.

    Најпосакуваниот работодавач во категоријата маркети за 2022 година најавува и дополнително проширување на листата на бенефиции. Обезбеден е бесплатен превоз за вработените во маркетите, кои живеат на адреса повеќе од пет километри оддалечена од работното место. Исто така, и колективно осигурување за сите вработени. Инаку, меѓу погодностите кои веќе се применуваат, е и платениот превоз и толиот оброк за работно ангажираните во Логистичкиот центар.

    „Луѓето се највредниот капитал на секоја компанија, а ние во КАМ сме свесни за тоа. Токму затоа продолжуваме да ги подобруваме условите за работа и да им овозможиме придобивки поради кои ќе бидат задоволни, а со тоа и попродуктивни. Тоа е и наша обврска – да го оправдаме епитетот најпосакуван работодавач во категоријата маркети“, потенцираат од компанијата.

    Потврда за тоа дека се на вистинскиот пат, како што посочуваат, е „податокот дека речиси 20 отсто од вработените во КАМ станале дел од нашето големо семејство благодарение на акцијата ‘Доведи пријател’. Во рамките на оваа акција сегашните вработени добиваат паричен надомест доколку препорачаат лице кое потоа ќе стане дел од нашиот тим“.

    Грижата за вработените не е новост во КАМ. Веќе подолго време важи за компанија која го вреднува трудот, па со платите и другите привилегии што ги овозможува на за својот кадар, отскокнува од другите во таа дејност. На пример, лани просечната плата била 29.474 денари, а тогаш КАМ броел 1.144 вработени. Со тој просек, на другите синџири им бегаат за три до седум илјади денари. Впрочем, податоците покажуваат дека тоа е состојба која се протега веќе неколку години наназад, односно дека е работодавач кој во трговскиот сектор дава најголеми плати. Само лани просекот е зголемен за речиси три илјади денари, споредено со 2021 година.

    Давањето меѓу компанијата и вработените е двонасочно. Успесите на КАМ произлегуваат од нивното ангажирање, односно вработените имаат огромен влог во потигнатите деловни резултати. Минатата година КАМ ја заврши со добивка од 4,9 милиони евра. Во однос на конкуренцијата има остварено и најголеми приходи – 232,7 милиони евра, кои потрошувачите ги оставиле во нивните маркети.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично