ПОВЕЌЕ

    „Макпетрол“ избра Надзорен одбор со старо-нови членови

    Време зa читање: < 1 минутa

    Скопската компанија „Макпетрол“ АД има нов состав на Надзорниот одбор, избран на вчера одржаното Годишно собрание на акционери. Шестгодишниот мандат ќе почне да се одбројува од 19 јуни.

    За членство во НО реизбрани се Александар Спасовски и Филип Чадиковски, кој е независен член. Нови во оваа постава се Саша Лекиќ и Марина Веселинска.

    Како што е наведено во информацијата доставена до Македонска берза, Александар Спасовски поседува 80 акции со право на глас, што е  0,072 отсто од вкупниот број издадени акции од Друштвото. Саша Лекиќ е сопственик на 235 акции со право на глас, односно на 0,2 проценти од вкупно емитуваните акции. Чадиковски и Веселинска немаат акции со право на глас.

    Инаку, промената следува поради тоа што истекол мандатот на претходната гарнитура на Надзорниот одбор, во кој биле и Звонко Трифунов и Дејан Левески.

    Со одлука потврдена на Собранието, за членовите на НО е определена награда – месечен паушал во нето износ од 60.000 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично