ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка вработува помлад соработник за администрирање кредити и гаранции со почетна плата од 28.670 денари

    Време зa читање: 3 минути

    На скопска Комерцијална банка и е потребен помлад соработник за администрирање кредити и гаранции. Оттаму ветуваат пријатна средина во која се ценат личните вредности и каде што можат да се остварат професионалните цели и активно да се учествува во модерниот развој на банката.

    Работнатна позиција: Помлад соработник за администрирање кредити и гаранции (Back Office)

    Тип на вработување: На определено време од 12 месеци

    Работно време: 40 часа неделно

    Почетна основна нето-плата: 28.670,00 денари

    Огласот важи до 09.04.2023 година

    За оваа позиција се предвидени следните работни цели и задачи:

    • Oтворање кредитни партии, доделување каматна група и задолжување на кредитите;
    • Изготвување амортизациони планови и испраќање на комитентите;
    • Книжење на задолжувањата и раскнижување на извршените уплати од страна на клиентите согласно договорните одредби или согласно инструкциите од службеникот за односи со клиенти или непосредниот раководител за кредитните партии;
    • Подготвување пресметки и книговодствени картици за тужење и стечај;
    • Дефинирање партија за денарска гаранција, доделување каматна група и задолжување на гаранцијата;
    • Книжење извршени уплати по основ на денарски гаранции;
    • Пресметка и печатење каматни листи и доставување до комитентите;
    • Изготвување налог, негова проверка и спроведување во случај на протестирање на денарска гаранција.

    Потребни квалификации и способности:

    • Завршено високо образование од областа на економските науки (предност ќе имаат кандидатите со насока: сметководство и ревизија);
    • Познавање англиски јазик и MS Office алатки;
    • Без работно искуство;
    • Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
    • Прецизност во извршување на работните задачи;
    • Ориентираност кон потребите на клиентите;
    • Адаптибилност во динамична работна средина;
    • Комуникациски вештини за работа во тим.

    Придобивки за Вас:

    • Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
    • Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
    • Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
    • Доброволно приватно здравствено осигурување
    • Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.

    Заинтересираните можат да пополнат апликација или да достават CV на [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување Помлад соработник за администрирање кредити и гаранции (Back Office)”.

    Телефон за контакт: (02) 3168-467

    На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, а изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично