ПОВЕЌЕ

    РАСТЕ ИНТЕРЕСОТ ЗА ПРОИЗВОДИТЕ НА БРАКО ВО САД – Нова испорака на седум возила за градска хигиена во Калифорнија

    Време зa читање: 2 минути

    Седум возила за одржување на хигиена во урбани средини кои се произведуваат во фабриката на БРАКО во Велес, беа испорачани кон клиентите во Калифорнија во САД.

    Со пратката, која се содржи од 6 рачно управувани електрични модели и еден камион со капацитет за складирање на отпад од 1,5 м2 со најсовремен и ефикасен систем за редукција на издувни гасови, повторно се  докажува зголемениот интерес за возилата на БРАКО на северно-американскиот континент.

    Испораката се случува десетина дена по саемот во Калифорнија кој се одржа во рамките на Конференцијата за градски управи, на која со успех се претставија возилата на БРАКО. Околу 500 посетители на Конференцијата, кои се дел од менаџментот на градските управи во сојузната Америчка држава покажаа голем интерес за електричните модели на БРАКО, за кои истакнаа дека станува збор за современи, ефикасни и еколошки возила за одржување на градската хигиена.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично