ПОВЕЌЕ

    ИМААТ ПРОСЕЧНА ПЛАТА МЕЃУ 32 000 И 83 000 ДЕНАРИ: Кои се професиите во кои се заработуват плати над просекот

    Време зa читање: 5 минути
    Target board inside of magnifier glass for focus business objective on white background and copy space. search and analysis of targets. Hand with magnifying glass holds its hand over target

    Највисоките просечни плати во Македонија се над два ипол пати повисоки од просечната плата. Распонот помеѓу топ 10те просечни нето августовски плати се движи од 44.374 до 83.556 денари.

    Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2022 година, изнесува 31 871 денар. Државниот завод за статистика посочуваа дека индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2022 година, во однос на август 2021 година, изнесува 111,3.

    Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.1 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.8 %) и Рударство и вадење на камен (3.1 %).

    Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија (16.2 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16.1 %) и Уметност, забава и рекреација (15.6 %).

    Во нашата анализа, доколку направиме споредба со просекот на плати по дејност, највисоките просечни плати се над два ипол пати повисоки од просечната плата.

    Тоа значи дека 38 дејности земаат повисока плата од просечната, која во август 2022 година изнесувала 31 871,00 денар.

    Да видиме кои се 10те најплатените професии кои носат најголема заработувачка во Македонија?

    СЕКТОРИ И ОДДЕЛИ НА ДЕЈНОСТИ ДЕНАРИ ЕВРА
    Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности 83 556 1359 евра
    Воздухопловен транспорт 51 919 844 евра
    Останати стручни, научни и технички дејности 51 825 843 евра
    Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати 50 489 821 евро
    Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови 48 311 785 евра
    Управувачки дејности; советување во врска со управувањето 47 231 768 евра
    Складирање и помошни дејности во превозот 46 823 761 евро
    Вадење на руди на метал 46 144 750 евра
    Телекомуникации 44 875 730 евра
    Дејности на организации врз база на зачленување 44 374 721 евро

     

    Повторно на пиадесталот најплатени професии се вработените во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – нивната просечна плата во била 83.556 денари или 1359 евра.

    Веднаш по нив се вработените во Воздухопловен транспорт просечно кои просечно земале 51.919 денари или 844 евра, а на трето место се вработените во Останати стручни, научни и технички дејности со просечна плата од 51.825 денари или 843 евра.

    Во првата петорка, се и враоботените во Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со просечна плата од 50.489 денари или 821 евро, како и  вработените во Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови  со просечна плата од 48.311 денари или 785 евра.

    Во продолжение сите дејности земаат повисока плата од просечната

    СЕКТОРИ И ОДДЕЛИ НА ДЕЈНОСТИ ДЕНАРИ ЕВРА
    Вадење на други руди и камен 44 015 716 евра
    Маркетинг (реклама и пропаганда) и истражување на пазарот 43 922 714 евра
    Осигурување, реосигурување и пензиски фондови, освен задолжително социјално осигурување 43 201 702 евра
    Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 43 033 700 евра
    Дејности за здравствена заштита 39 602 644 евра
    Правни и сметководствени дејности 39 375 620 евра
    Информативни услужни дејности 38 543 627 евра
    Научно истражување и развој 38 508 626 евра
    Помошни дејности кај финансиските услуги и дејностите во осигурувањето 38 336 623 евра
    Производство на хемикалии и хемиски производи 38 108 620 евра
    Креативни, уметнички и забавни дејности 37 947 617 евра
    Производство на пијалаци 37 831 615 евра
    Филмска дејност, продукција на видео и телевизиска програма и дејности на снимање на звучни записи и музичко издаваштво 37 704 613 евра
    Производство на останата опрема за транспорт 37 017 602 евра
    Трговија на големо, освен трговија со моторни возила и мотоцикли 36 927 600 евра
    Други лични услужни дејности 36 306 639 евра
    Поправка и инсталирање на машини и опрема 35 925 584 евра
    Производство на метали 35 091 570 евра
    Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место 34 643 563 евра
    Библиотеки, архиви, музеи и останати културни дејности 34 520 561 евро
    Дејности на изнајмување и давање под закуп (лизинг) 34 476 535 евра
    Изградба на згради 34 046 553 евра
    Производство на други неметални минерални производи 33 991 523 евра
    Архитектонски дејности и инженерство; техничко испитување и анализа 32 667 531 евро
    Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување 32 634 531 евро
    Дејности за санација и останати услуги за управување со отпад 32 481 528 евра
    Трговија на големо и на мало со моторни возила и мотоцикли и поправка на моторни возила и мотоцикли 32 305 525 евра
    Канцелариско-административни и помошни дејности и деловно-помошни дејности 32 095 522 евра

     

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично