Во грандиозна атмосфера во Истанбул – Sait Halim Pasha Mansion се одржа гала вечера на која беа официјално промовирани 40-те најуспешни бизнис лидери под 40 години (40under40) од Југоисточна Европа. Со членството во ексклузивниот Business Elite’s “Executive Club”, наградените и официјално се приклучуваат на светската бизнис елита како дел од мрежата на најуспешни и најамбициозни бизнис лидери од светот.
Огнен Огненоски истакна:
„Ми претставува огромна чест и задоволство што го добивам ова признание во тесна конкуренција на огромен број успешни и докажани претприемачи од 10 држави во југоисточна Европа. Позади овој успех стојат повеќе од 40 вработени низ ќерките компании на „Таргет Холдинг“ („Таргет Груп“, „ДатаБанк“, „ТГН Солушнс“, „СС Тим“, „Гео Таргет“, „Моделикс“ и „Аналитика Медиум“), како и повеќе од 20-тина надворешни деловни партнери. Клучот на успехот е вербата во него, максимална фокусираност и напорна работа за остварување на зацртаните цели.
Што постигнавте на деловен план и кои се Вашите бизнис планови за во иднина?
„Оваа година Таргет Груп прославува јубилеј – 10 години од основањето. На оваа претприемачка патека зачекоривме заедно со мојот бизнис партнер Бојан Џиков на само 25 годишна возраст – и можам да кажам дека благодарение на нашата чиста визија и посветеноста на нашите вработени успеавме да постигнеме премногу низ годините. Нашата платформа со бонитетни информации – БизнисМрежа.мк достигна повеќе од 1500 корисници низ државата и светот. Таргет Холдинг бележи континуиран раст на приходите и само оваа 2022-ра година очекувањата се вкупните приходи да се зголемат за над 60% во однос на 2021г., со што се вбројуваме во една од најбрзо растечките компании во државата. Наша главна цел за стратешки развој во периодот кој претстои е позиционирaње на пазарите во САД и ЕУ преку нашата компанија ТГН Солушнс. Оваа компанија е задолжена за развој на софтверски апликации и преку стратегијата на технолошки партнери веќе имаме низа на успешни старт–ап приказни со повеќе милионски инвестиции и овие продукти ќе бидат во многу блиска иднина претставени на пазарите во САД и ЕУ. Воедно, развиваме многу конкурентна платформа – берза за транспорт, која ќе биде претставена на пазарот низ Европа на почетокот од 2023-та година, a овој иновативен проект е поддржан и од Фондот за Иновации и Технолошки Развој (ФИТР).“
Ексклузивната “40 under 40” награда претставува едно од најпопуларните и најпрестижните признанија во светот за бизнис лидери и честопати е првиот поттик на многу успешни светски познати личности.
Редакција Пари