ПОВЕЌЕ

    Се продаваат акции на Еуростандар банка во Реплек, 92.001 денар по акција

    Време зa читање: < 1 минутa
    В четврток по пат на јавна берзанска аукција на продажба ќе се понудат големи пакети на акции на Еуростандард банка во стечај издадени од Реплек. Станува збор за продажба на пакет од 160 обични акции кои банката ги поседува во Реплек. Од основната главнина на друштвото овие акции претставуваат 0,62 проценти. Почетната продажна цена е 92.001 денар по акција преку моделот ,,се или ништо”.
    Продажбата се врши по барање на членката Комерцијална банка.
    Претходната недела на аукција се продадоа и акции на Еуростандард банка во стечај што ги поседуваше во Централниот депозитар за хартии од вредност. Се продадоа 890 обични акции кои претставуваа 14,83 проценти од одновната главнина на Депозитарот.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично