ПОВЕЌЕ

    Во Персискиот Залив потона карго-брод , во тек акција за спасување на преживеаните

    Време зa читање: 2 минути

    Товарен брод кој пловел под знамето на Обединети Арапски Емирати потона утринава крај брегот на Иран во Персискиот залив поради лоши временски услови, соопштија властите, при што спасувачите се во потрага за сите негови 30 членови на екипажот. Капетан Низар Кадура, оперативен менаџер на компанијата Салем Ал Макрани Карго, изјави за Асошиејтед прес дека бродот „Ал Салми 6“ налетал на невреме, а потоа се превртел.

    Спасувачите досега потврдија дека спасиле 16 членови на екипажот, рече капетанот. За други 11 се знае дека влегле на сплав за спасување, додека едно лице било спасено од танкер кој пловел во близина, а други две лица сѐ уште биле во водата. Екипажот се состоеше од државјани од Судан, Индија, Пакистан, Уганда, Танзанија и Етиопија, рече Гадура.

    Бродот бил на пат кон Ум Каср, Ирак, пренесувајќи автомобили и друг товар, рече тој. Бродот се наоѓал на околу 30 милји од брегот на Асалује, објави државната новинска агенција ИРНА, која соопшти и дека иранските спасувачи се обидуваат да стигнат до пловилото.

    Сликите објавени од ИРНА и иранската државна телевизија се совпаѓаат со претходните слики на „Ал Салми 6“, брод кој превезувал карго составен главно од патнички возила. Петтата флота на американската морнарица, која патролира на Блискиот исток, не одговори веднаш на барањето за коментар.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично