Акционерите на тетовски Жито Полог имаат рок до 11 ноември да се изјаснат дали ќе станат содружници на компанијата по нејзината трансформација во друштво со ограничена одговорност. Изјавите треба да се заверат кај нотар.
„Се повикуваат акционерите на Жито Полог АД Тетово, согласно член 513 од Законот за трговските друштва да дадат изјава, дали се согласуваат да преземат удели во друштвото што ќе настане со преобразбата врз основа на Одлуката за преобразба на Друштвото донесена на Собранието на акционерите одржано на ден 30.09.2026 година.
Изјавите заверени кај нотар, Акционерите можат да ги достават во просториите на Жито Полог АД Тетово, или да ги испратат по пошта на адресата на друштвото на ул. Маршал Тито бр.134 Тетово, најдоцна до 03.11.2026 година“, посочено е во јавниот повик објавен на Македонска берза.
Што се однесува до акционерите кои нема да одговорат позитивно на повикот, за нив е предвидена можноста да ги продадат уделите по „цена соодветна на усвоениот биланс на состојба утврден во одлуката за преобразба на друштво“. Според истата одлука, тие понатаму не ќе можат да бараат ништо од имотот на друштвото што ќе настанува со трансформацијата.
Преобразба на Жито Полог Тетово – од АД преминува во ДОО формат
Во рамките на промените, акционерското Собрание ги разреши членовите на Одборот на директори, а досегашниот генерален извршен директор, Сашо Босилков, е именуван за управител и на преобразеното друштво.
Жито Полог Тетово е внесен на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб-страницата на Македонска берза.
Аналитика








