ПОВЕЌЕ

    Халкбанк ќе започне со предвремена исплата на пензиите за јануари 2022

    Време зa читање: 2 минути

    Халкбанк АД Скопје ги известува своите ценети клиенти пензионери дека на сите Вас кои користите картичка, парите ќе Ви бидат на сметка на 26.01.2022 (среда) и истите ќе може слободно да ги користите при пазарење со Вашите платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии.

    За пензионерите кои не користат картичка, препорачаната готовинската исплата на пензиите на шалтерите на Банката ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа:

    • До 11.000 денари 26.01.2022 г. (среда)
    • 11.001-14.000 денари 27.01.2022 г. (четврток)
    • 14.001-18.000 денари 28.01.2022 г. (петок)
    • Над 18.001 денари 31.01.2022 г. (понеделник)

    На шалтерите на Банката ќе бидат подготвени апликации и инструкции од вработените за добивање и користење на бесплатните дебитни картички за приматели на пензии и уникатната можност за користење на сите банкомати од било која банка во државата без провизија за подигнување на готовина, информираат од банката.

    Сите филијали на Халкбанк АД Скопје ќе бидат во функција за извршување на Вашите потреби во периодот од 08:30 до 16:30 часот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично