Компанијата Rumble основана и водена од Македонецот Крис Павловски кој живее во Торонто, Канада денеска објави дека неговата компанија ќе се појави на Nasdaq по договорот за преземање со компaнијата Cantor Fitzgerald’s CF Acquisition Corp. VI (Nasdaq: CFVI)
Rumble е неутрална платформа за публикување видео материјали без цензура со фокус на слобода на изразување, која воедно им помага на креаторите да го промовираат својот видео материјал како и да заработат од истиот.
Во изминатите години платформата Rumble добива се поголемо внимание и бележи драстичен раст на корисниците од месец во месец од 1,6 милиони просечен број на месечни корисници во 2020 до 36 милиони просечен број на месечни корисници во третиот квартал на 2021 година и трендот на раст продолжува.
Трансакцијата со која се официјализира ова спојување изнесува 400 милиони американски долари кои вклучуваат 100 милиони долари во капитализација преку купување на акции по вредност од 10 долари по акција и 300 милиони кеш во „труст“ сметката на CFVI. Со оваа трансакција компанијата Rumble се вреднува 2,1 милијарда американски долари. Основачот и генерален извршен директор Крис Павловски ја задржува контролата на гласовите за да ја спроведе неутралната мисија на Rumble во име на сите акционери.
Павловски е присутен во Македонија преку својата компанија Cosmic Development со седисте во Скопје која е прогласена за втора најдобра компанија за работа во нашата држава, а воедно има и учество во организацијата Македонија 2025.
Тимот на Pari.com.mk му посакува голем успех, а на сите наши читатели топло им препорачуваме да ја посетат платформата Rumble.com
Редакција Пари