Royal Caribbean International го најави своето ново крстарење наречено Ultimate World Cruise, епско патување кое ќе трае дури 9 месеци.
Најдолгото крстарење во светот досега ќе трае точно 274 дена, патниците ќе имаат можност да ги посетат сите континенти, над 150 дестинации, вклучително и 11 светски чуда, објави Cruise Industry News.
Ова крстарење Серенада на морињата ќе биде најдолгото и најобемното крстарење што се нуди во оваа компанија, како и нивното прво крстарење низ светот. Патувањето Ultimate World Cruise ќе започне на 10 декември 2023 година од Мајами, Флорида и ќе трае до 10 септември 2024 година.
Вкупниот капацитет на бродот е 2.143 патници, а за нив ќе се грижат 832 членови на екипажот. Казабланка, Гренланд и Јапонија се издвојуваат меѓу најинтересните дестинации за посета.