ПОВЕЌЕ

    „ПАРИ“ ОТКРИВА: Која е фирмата во која има највисока просечна плата, а е во загуба?!

    Време зa читање: 3 минути

    Компанијата во која има најголема просечна плата не е од ИТ-индустријата, а и не произведува ништо. Тоа е приватно претпријатије за времени вработувања. Станува збор за добро позната агенција „Партнер“. Таму според податоците на БизнисМрежа.мк лани имало највисок просек на исплатена месечна бруто плата од 604.660 денари (околу 10.000 евра). Во оваа компанија работат 15 вработени. Е сега дали за тој „просек“ е виновен само сопственикот, или менаџметот на компанијата, или колачот го делат сите вработени, тоа не може да се открие. Кај нас личните примања, освен платите што се плаќаат од џебот на народот, се сметаат за заштитени податоци.

    Анализата на „Пари“ во соработка со платформата БизнисМрежа.мк открива дека:

    • Mинатата година оваа фирма имала вкупен приход од 2,7 милиони евра и овој приход бил за 15,2 проценти поголем отколку во 2019 година фирмата била во загуба од околу 29.000 евра, но сепак ги „победила“ сите компании во државава во однос на исплатената просечна плата!
    • Патем, во 2019 година кога имала вкупен приход од 2,4 милиони евра, таа имала добивка од 19.700 евра.

    Но, да објасниме како функционираат агенциите за привремени вработувања. Приходот, всушност се пари што агенциите секој месец ги добиваат од оние на кои им обезбедуваат работници, но од тој вкупен приход тие треба да ги исплатат тие работници, да им ги уплатат придонесите – пензиски и здравствен, а за нив следува одреден процент, и тоа од секоја бруто плата. „Клиенти“ за привремено вработените се всушност јавни и државни институции. Приватните претпријатија за привремени вработувања учествуваат на тендер и со својот процент се борат за „клиентите“.

    Разлиставме повеќе договори кои се јавно достапни на Бирото за јавни набавки што ги склучил „Партнер“ и можевме да видиме дека неговиот надоместок бил 6-7 проценти од секоја бруто плата.

    Најголема бизнис-зделка на агенцијата „Партнер“ и оваа и минатата година била Управата за јавни приходи. Годинава, во мај, агенцијата со УЈП склучила договор за 27.000.000 денари со ДДВ, или 440.000 евра. Надоместокот на агенцијата е 6,79% од бруто плата на секој отстапен работник. Договорот е рамковен за привремено ангажирање на работнци од 15.05.2021 до 31.12.2022 година.

    Минатата година, Управата за јавни приходи со агенцијата „Партнер“ склучила договор во износ од 25 милиони денари (околу 400.000 евра) со ДДВ. Во договорот е наведено дека надоместокот за отстапување на привремено вработен е 6 проценти од бруто платата, а  во извештајот за реализација на договорот, исто така достапен на Бирото за јавни набвки, е наведено дека од договорениот износ се реалзирани 15.550.418 денари (253.000 евра).

    Во образложенијата за слкучените договри за привремени вработувања, УЈП навела дека од оваа агенција ќе користи работници за: отсутен работник, привремено зголемен обем на работа, работа на проекти, специфични некарактеристични работи за УЈП, како и во слулај на непредвидливи ситуации.

    ДЕЛ ОД ДОГОВОРИТЕ ШТО ЛАНИ ГИ СКЛУЧИЛА АГЕНЦИЈАТА „ПАРТНЕР“

    Вредност на договор (денари)Корисник
    472.000 Училиште во Струмица
    1.200.001Општина Градско
    696.200Училиште во Муртино
    1.180.000Универзитетска клиника
    1.416.000ЈЗУ Центар за јавно здравје - Струмица
    3.500.000Општина Велес
    8.260.000Градинка - Струмица
    2.800.000Училишта - Охрид
    235.988Училиште - Прсоениково
    691.000Централен регистар
    295.000Општина Дебарца
    25.000.000Министерство за финансии
    590.000Центар за социјални работи-Скопје
    660.000Училиште - Кавадарци
    708.000ЈЗУ Центар за јавно здравје - Велес
    999.999Општина Дојран
    708.000Комунална хигиена -Новаци
    2.500.000Општина Охрид
    369.000МЕПСО

     

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично