ПОВЕЌЕ

    Три потребни карактеристики во претприемништвото

    Време зa читање: 3 минути

    Кои се трите потребни карактеристики за да бидете успешен претприемач?

    1. ТРПЕЛИВОСТ

    Во повеќето случаи, она што започнувате да го правите нема да биде баш исто како она што ќе го правите кога конечно ќе станете успешни.

    На почетокот ќе откриете дека работите што очекувавте добро да функционираат, можеби воопшто нема да функционираат. Ќе забележите други од вашата индустрија дека прават работи што ви одговараат на вашата работа и ќе ги ископирате. Потребна ви е трпеливост додека се „искалите“ и го формирате правиот начин за водење бизниси.

    Дури и ако сте еден од среќлиите, вашите првични идеи да работат беспрекорно, светот ќе се промени околу вас. Познаваме претприемач кој влегол во деловна активност како агент за продажба на недвижен имот, но по колапсот на пазарот на недвижнини, тој го преобрази својот бизнис во „управување со имотите“. Потребна ви е адаптабилност и трпеливост бидејќи и двата бизниса бараат слични вештини, но се контрациклични.

    НЕ ПОСТОИ УСПЕХ ПРЕКУ НОЌ!

    2. УПОРНОСТ

    Неизбежно е да наидете на „препреки на патот“. Може да изгубите големи клиенти. Може добрите вработени да ја напуштат вашата компанија, а некои може да ви станат и конкуренти. Владата може да ги смени регулативите и тоа вообичаено ги прави работите покомплексни.

    За да успеете, ќе мора да бидете подготвени да истраете низ тешки времиња. Ништо не може да заземе местото на упорност и не можете да успеете без тоа.

    УЧЕТЕ ОД ГРЕШКИТЕ И ПОСТОЈАНО ПОДОБРУВАЈТЕ СЕ!

    3. СТРАСТ

    Третата неопходна вештина или карактеристика е способноста и подготвеноста да работите многу и многу напорно. Водењето мал бизнис е тешко. Вашите работни саати ќе бидат многу подолги од осум часа. Ако вашата недела започне во понеделник, ќе ја поминете работната недела од 40 часа веќе во четврток, но не смеете да забавите. Успехот како претприемач бара напорна работа. За да издржите потребно е да ја поттикнувате вашата страст кон работата. Страста и желбата за успех ќе ве одржуваат во живот.

    Водењето мал бизнис е исполнето со предизвици, но ако сте прилагодливи, имате можност да истраете и сте подготвени да работите напорно, вие ќе ги подобрите вашите шанси за успех.

    ПОТТИКНУВАЈТЕ ЈА СТРАСТА ВО РАБОТЕЊЕТО!

    Трпеливост, упорност и страст во работата, ова се клучните карактеристики на секој успешен претприемач!

    Повеќе СОВЕТИ за личен развој и лични финансии слични на „3 потребни карактеристики во претприемништвото“ можете да најдете во категоријата ЕСПРЕСО.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично