ПОВЕЌЕ

    Јануарските пензии на сметките ќе легнат од среда, и ќе се исплаќаат во четири групи

    Време зa читање: < 1 минутa

    Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија мора да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 јануари 2022 година, за да може веќе следниот ден да започне предвремената исплата на јануарските пензии..

    Како што во четвртокот соопшти владината Прес-служба, деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26 јануари 2022 година.

    Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички ќе се изврши во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

    • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26 јануари 2022 година,
    • а за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27 јануари 2022 година.
    • За пензиите, пак, со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28 јанаури 2022 година
    • и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31 јануари 2022 година
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично