ПОВЕЌЕ

    СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ ПРЕДУПРЕДУВА: Не наседнувајте на пораките со „погрешна адреса“ и „вратена пратка“

    Време зa читање: 2 минути

    Деновиве е актуелна измамничка кампања – од лажна веб страница се испраќаат СМС и e-mail пораки, поврзани со наводна „погрешна адреса“ и „вратена пратка“, а посочен е и линк на кој понатаму се бара да се внесат лични и финансиски податоци.

    Не кликајте на линкот доколку не сте ја побарале таа услуга, предупредуваат од Стопанска банка.

    Воедно, се советуваат клиентите да бидат внимателни.

    „НИКОГАШ не користете пратени линкови за внес на податоци од вашите картички, особено не такви добиени на е-маил или СМС. Ако сте ги внеле податоците за вашата картичката, потребно е ВЕДНАШ да ја блокиратe картичката самостојно преку m-banking или e-banking или со јавување во нашиот 24/7 контакт центар на (02)3100 109“, препорачуваат од Банката.

    Исто така, укажуваат дека со развојот на технологијата, покрај позитивните промени се појавуваат и криминални активности, па затоа е неопходна голема внимателност при споделувањето на личните податоци.

    На веб страницата на Стопанска банка, во делот „картички“ се наоѓа сегмент за безбедност при купување на интернет со корисни и едукативни содржини кои можат да се користите во секое време.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично