ПОВЕЌЕ

    Со поддршка од Комерцијална банка избран добитникот на „Роман на годината“ за 2023 година

    Време зa читање: 2 минути

    Македонското литературно творештво слави уште едно издание на „Роман на годината“ и уште еден лауреат. Со поддршка од Комерцијална банка како Генерален спонзор на „Роман на годината“, престижната награда за 2023 година ќе ѝ биде доделена на авторката Лидија Димковска за романот „Единствен матичен број“ во издание на издавачката куќа „Три“.

    Традиционално наградата ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“.

    „Оваа награда без дилема е своевиден трофеј за литературните дејци во земјава. Изборот „Роман на годината“ е вистински празник за македонското литературно творештво и затоа Комерцијална банка е навистина горда на својот придонес не само за одржување на оваа манифестација, туку и на вредностите и стандардите што ги наметна“, истакна м-р Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг во Комерцијална банка, по повод објавувањето на добитникот.

    Комерцијална банка оваа година обезбеди финансиска поддршка за „Роман на годината“ од 360.000 денари, од кои 150.000 денари се парична награда за лауреатот, а останатиот дел е наменет за паричен надоместок за членовите на жири-комисијата, за плакета и оригинална статуетка.

    Поддршката на „Роман на годината“ е поддршка од Комерцијална банка за домашното литературно творештво и за создавање вредно наследство за сите идни генерации.

    Фотографија: Борис Грдановски и Кире Галески

    Извор: Комерцијална банка

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично