ПОВЕЌЕ

    Скопјанка е најбогатата Македонка за 2020 година, а најмладиот милионер има седум години

    Време зa читање: 2 минути

    Скопјанка е најбогатата Македонка за 2020 година. Во УЈП пријавила бруто доход од неверојатни 7,3 милиони евра – двојно повеќе од најбогатиот пред 2 години.

    Пресметките на управата покажале дека лани 11 лица заработиле 100 милиони денари, или нешто над 1,6 милиони евра. Најмладиот милионер има само 7 години а највозрасниот 96. Најголемиот дел од нивниот доход е по основ на закупнина.

    „Скопјанка е на врвот на листата на највисок годишен бруто доход за 2020 година која остварила вкупно 453,1 милион денари годишен бруто доход. Овој бруто доход е двојно поголем од остварениот највисок бруто доход во 2019 година. Највисоката годишна бруто плата во 2020 година исплатена е на граѓанин од Струга, истакна директорката на УЈП Сања Лукаревска.

    УЈП продолжува да ги „чешла“ фирмите кои го изигруваат законот за државна помош и не исплаќаат плати, но исход од истрагата на Обвинителството се уште не е на повидок. Причината Лукаревска ја лоцира во обемната документација. И покрај бројните контроли и казни, 14.829 лица се уште не земале плата.

    „Со состојба до 4 октомври обврзници кои што немаат исплатено плата се 5.713. Доставени се опомени и согласно нашиот календар на активности, во наредниот период – денес или првиот работен ден после празникот, ќе треба да бидат доставени и блокади.“истакна директорката на УЈП Сања Лукаревска.

    Контроли по анонимни пријави има и кај фабрики од текстилната и кожарската индустрија. Од 18 фирми, само кај една немало никакви нерегуларности.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично