ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка од денес започнува со исплата на парична помош од социјална и детска заштита

    Време зa читање: 2 минути

    НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека паричната помош од социјална и детска заштита ќе ја исплати на 2 декември (четврток).

    Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од 2.12.2021 година, клиентите ќе можат ги подигнат средствата од парична помош од социјална и детска заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед. Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците и тоа:

    • 2.12.2021– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
    • 3.12.2021– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш​.

    Со цел заштита на здравјетo, препорачуваме средствата првенствено да се користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме подигнувањето на средства да се врши на банкомат.

    При посета на експозитура, Ве молиме почитувајте ги превентивните мерки, носете заштитна маска, чекајте ред на обележаните места и држете растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично