ПОВЕЌЕ

    ММФ обезбеди 50 милијарди долари за борба против коронавирусот

    Време зa читање: 2 минути

    Организацијата исто така предупреди дека епидемијата веќе го притиснала овогодинешниот глобален економски раст под нивото од минатата година.

    Итните мерки следат откако вирусот почна да се шири брзо надвор од Кина во повеќе од 70 држави. Оваа недела владите и централните банки ширум светот презедоа акција за олеснување на влијанието на вирусот.

    ММФ соопшти дека овозможува финансиска помош за сиромашните и земјите со средни приходи, а со слаб одговор на здравствениот систем на новиот вирус.

    Во исто време, фондот соопшти дека ширењето на коронавирусот ги избришало очекувањата за посилен економски раст оваа година и ќе ги притисне глобалните добивки од 2020 година до нивната најниска стапка од финансиската криза во 2008 година.

    Но, извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, предупреди дека е тешко да се предвиди колку голем ќе биде ефектот.

    „Глобалниот раст во 2020 година ќе опадне под минатогодишните нивоа, но колку далеку ќе падне и колку долго ќе биде влијанието, сè уште е тешко да се предвиди“ рече Георгиева.

    Таа, исто така, одби да каже дали ескалацијата на здравствената криза може да ја доведе светската економија во рецесија.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично