ПОВЕЌЕ

    КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПА ХРАНА: Инфлацијата во Европа опаѓа, но цените на храната растат

    Време зa читање: 2 минути

    Цените на храната продолжија да растат низ Европа и покрај падот на инфлацијата втор месец по ред во декември, покажуваат податоците што во средата ги сподели Евростат, европската статистичка агенција.

    Инфлацијата на цените на храната во ЕУ во декември изнесува 18,2 отсто, а во еврозоната 16,2 отсто, што е благо намалување во просек во однос на ноември. Но, некои основни прехранбени производи како шеќер, млечно сирење и јајца, маслата и мастите сè уште растат.

    Највисок пораст на цените е забележан во Унгарија од речиси 50 отсто, Литванија втора највисока со 33,5 отсто, следена од Естонија со 30,8 отсто.

    Најниски промени на цените се забележани во Луксембург со 11,1 отсто, Ирска 12,1 отсто и Кипар 12,2 отсто.

    Шесте категории на храна каде што беа регистрирани најзначајни покачувања во земјите на ЕУ се свежото полномасно млеко, јајцата, шеќерот, маслото и мастите, путерот и другите масла за јадење, кои се движат од 30,2 до 56,6 отсто во просек.

    Цените на шеќерот се удвоија во Естонија, се зголемија за 98,9 отсто во Чешка и за 87,4 отсто во Полска, во Шведска, Данска и Луксембург промената на цената беше околу 10 отсто.

    Највисоко поскапување

    Најниско поскапување

    Цените за другите основни намирници, јајцата забележаа широк опсег на зголемувања од 14,8 отсто во Луксембург до 92,5 отсто во Чешка, додека просекот во ЕУ беше 30 отсто.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично