ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка се вклучи во Програмата за зелени финансиски системи на ЕИБ

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка се вклучи во Програмата за зелени финансиски системи на Европската инвестициска банка (Greening Financial Systems Programme). Преку оваа Програма, Банката ќе добие поддршка за имплементирање на климатските ризици во постојната рамка за управување со ризиците и за усогласување со најдобрите меѓународни практики и очекувањата на Народната банка.

    Со денешната средба во просториите на Банката официјално започна соработката помеѓу Комерцијална банка и Европската инвестициска банка на полето на зелените финансии, која ќе се реализира преку повеќемесечна техничко-советодавна поддршка и во која ќе бидат вклучени вработени од повеќе организациони единици во Банката.

    Почетокот на оваа значајна соработка беше означен со официјална средба на д-р Маја Стевкова-Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, и на Билјана Максимовска-Поповиќ, Главен директор за корпоративно банкарство и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, со Бјорн Габриел, претставник на ЕИБ во Македонија. Претходно, во февруари оваа година Банката и ЕИБ потпишаа Договор за соработка од областа на зелените финансии.

    Програмата за техничка поддршка „Greening Financial Systems” на ЕИБ е финансирана од Меѓународниот фонд за климатска иницијатива (International Climate Initiative Fund – the IKI Fund) на ЕИБ во име на германското Сојузно Министерство за економски прашања и климатски активности (BMWK).

    Благодарејќи на оваа програма, Комерцијална банка ќе добие приспособена поддршка за промовирање поволна финансиска средина за зелени инвестиции, процена и управување со климатските ризици, градење капацитети и споделување на најдобрите практики за зголемување на учеството на зелените инвестиции во своето портфолио. Во овој процес ќе се анализираат и можностите за зелено финансирање на клиентите со цел практично да се видат ефектите од зелената транзиција во економијата.

    Оваа соработка ја потврдува посветеноста на Комерцијална банка кон одговорното и ефикасно зелено финансирање, со што ќе даде свој придонес за поздрава животна средина и подобро општество за сите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично