ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка: Исплатата на мајските пензии започнува на 29 мај

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за мај од понеделник, 29.05.2023 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од понеделник 29.05.2023 година и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

    Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

    • Понеделник, 29.05.2023 година, исплата на пензии до 11.000 денари,
    • Вторник, 30.05.2023 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари,
    • Среда, 31.05.2023 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари,
    • Четврток, 01.06.2023 година, исплата на пензии над 18.000 денари. 

    За да се избегнат редиците за сите корисници на банкарски услуги, апелираме при посета на филијалите и експозитурите на Комерцијална банка да се почитува наведениот распоред.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично