ПОВЕЌЕ

    Колку пензионери земаат највисока пензија од 57.992 денари?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Бројот на корисници со највисоки пензии чиј распон се движи од 40.548 денари до 57.992 денари во октомври изнесува 1.332, покажуваат податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Најголем дел од нив се пензионери што оствариле старосна пензија 1258. Останатите пензионери со најголема пензија се со семејна пензија 51 и инвалидска пензија 23-ца.

    Од пензионерите со највисока пензија најголемиот дел од нив, односно  880 земаат пензија во износ од 42.240 денари. Највисока пензија во земјава од 57.992 денари земаат 51 пензионери (48 беа во септември).

    Прочитај и АНАЛИЗА ПЕНЗИИ: За два месеци 481 пензионер помалку во земјава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично