ПОВЕЌЕ

    АНАЛИЗА ПЕНЗИИ: За два месеци 481 пензионер помалку во земјава

    Време зa читање: 3 минути

    Исплатата на ноемвриската пензија започнува од 26 ноември (петок). Македонските пензионери ќе може да ја подигнат пензијата на банкомат во секое време, додека ислатата на шалтер ќе се одвива во 4 групи поради ковид мерките.

    – За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.11.2021 година(петок);

    – За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.11.2021 година (понеделник);
    – За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.11.2021 година (вторник); и
    – За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.12.2021 година (среда).

    Што велат последните податоци на ПИОМ за состојбата со пензионери во земјава?

    Во октомври бројот на пензионери изнесува 325 156 или статистиката избројала 183-ца пензионери помалку во однос на претходниот септември месец (325 339). Во последните два месеци (август биле 325 637) податоците покажуваат дека бројот на пензионери се намалил за дури 481 лице.

    Просечната пензија на пензионерите изнесува 15.868 денари според редовната месечна анализа на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ). Највисока просечна пензија од 23.048 денари земаат воените пензионери, додека втори се корисниците на старосна пензија со 17.136 денари.

    Просечната пензија на корисниците на инвалидска пензија е 14.287 денари, на семејната 12.681 денари и на земјоделската 8.269 денари.

    Најголем дел од пензионерите земаат старосна пензија (219 856), семејна (75 080), инвалидска (30 220).

    Просечната пензија изнесува 15.868 денари

    Вид на пензија Просечна пензија (во денари)
    Семејна12.681
    Инвалидска14.287
    Старосна17.136
    Земјоделска8.269
    Воена23.048
    Просек15.868

    Според податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување според состојбата на корисници на пензии по групи, најголем дел од пензионерите земаат пензија над 18.000 денари и до 11.000 денари, односно највисоката и најниската група. Пензионерите со пензии над 18.000 денари во вкупната структура учествуваат со 28,8 проценти (93 947), додека со пензиите што се сметаат под минимална до 11.000 денари нивното учество е 26,7 отсто (87 077) .

    Состојба на корисници на пензија по групи на исплата за октомври

    Износи во денари вкупно структура во %
    До 11.000 86 07726,78
    Од 11.001 до 14.000 75 59723,25
    Од 14.001 до 18.000 68 535 21,08
    Над 18.001 93 947 28,89
    Вкупно325 156100

    Максимален износ на пензии  

    Бројот на корисници со највисоки пензии чиј распон се движи од 40.548 денари до 57.992 денари во октомври изнесува 1.332. Најголем дел од нив се пензионери што оствариле старосна пензија 1258. Останатите пенионери со најголема пензија се семејна пензија 51-ца и инвалидска пензија 23-ца.

    Од пензионерите со највисока пензија најголемиот дел од нив, односно  884 земаат пензија во износ од 42.240 денари. Највисока пензија во земјава од 57.992 денари земаат 51 пензионери (48 беа во септември) од кои 49 оствариле старосна пензија, додека двајца земаат семејна пензија.

    Најниски пензии

    Корисници на најниските пензии на пензионери што оствариле право на пензија до крајот на 1996 година чиј број изнесува 11 088 земаат пензија од 12.801 денари до 12,547 денари. Пензионерите со право на пензија остварено од први јануари 1997 година чиј број е 4 558 земаат пензија од 11.146 до 9.986 денари. И корисниците на пензии остварени од први јануари 2002 година чиј број изнесува 64 403 имаат пензии во висина од 10.487 до 11.703 денари.

    Нови пензионери 

    Бројот на нови пензионери во септември се зголемил  за 1 934, од нив 1 312 се мажи, а 622 жени. Истовремено бројот на починати пензионери е 1 620, од нив 1 298 се мажи, додека 322 се жени.

    Редакција Пари

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично