ПОВЕЌЕ

    Иуте Пеј започнува со работа – iute сметка отсега достапна во апликацијата Myiute

    Време зa читање: 3 минути

    Иуте Пеј, дел од дигиталната банкарска групација Иуте Естонија со дозвола од Народната банка на РСМ за издавање електронски пари и давање платежни услуги, официјално започна со работа. Првата услуга што им е достапна на клиентите е iute сметка – лична платежна сметка која се отвора целосно дигитално преку апликацијата MyIute, за помалку од една минута.

    Со овој чекор, Иуте влегува во нова фаза од својот развој на македонскиот финансиски пазар, проширувајќи го своето портфолио надвор од кредитирањето и осигурителното посредништво и поставувајќи основа за интегриран дигитален финансиски екосистем.

    Само во првите 24 часа, 180 клиенти успешно отвориле iute сметка. Процесот на отворање сметка е целосно дигитален и трае неполна минута. Истовремено, преку iute платежните сметки за само еден ден веќе се реализирани трансакции во вредност од над 10 милиони денари, што ја потврдува неговата оперативна подготвеност и улогата во секојдневното корисничко искуство.

    Што значи ова за клиентите?

    Отворањето на iute сметка е бесплатно, без посета на филијала и се реализира преку апликацијата MyIute. Клиентите добиваат пристап до сопствена платежна сметка, со можност за повлекување готовина преку сопствената мрежата на банкомати на Иуте.

    Отсега, новите кредитни пласмани од Иуте Кредит ќе се реализираат директно на iute платежната сметка, без дополнителни трошоци, при што пристапот до сметката и користењето на средствата се заштитени со двофакторска автентикација и највисоки безбедносни стандарди.

    Нова фаза во развојот на дигиталните финансиски услуги

    Iute сметка е основата врз која Иуте Пеј ќе ги развива своите идни платежни услуги. Во периодот што следува, фокусот ќе биде на постепено проширување на можностите за безготовински плаќања, трансфери и користење дополнителни дигитални услуги, со цел клиентите на едно место да можат полесно да управуваат со своите средства и финансиски обврски.

    „Со започнувањето на работата на Иуте Пеј правиме важен чекор во развојот на нашата дигитална финансиска платформа. Особено нè радува довербата што клиентите ја покажаа уште во првиот ден, како и фактот дека новата услуга функционира непречено и дека процесот на отворање сметка е едноставен и брз. Нашата цел е да продолжиме да развиваме сигурни, достапни и практични финансиски услуги, кои ќе одговараат на потребите на современите корисници. Новите можности ќе ги воведуваме постепено, внимателно и во согласност со регулативата“, посочува Александар Петковски, извршен директор на Иуте Пеј.

    Како институција за електронски пари под супервизија на Народната банка, Иуте Пеј работи во согласност со законската регулатива за платежни услуги и платни системи, спречување перење пари и заштита на личните податоци.

    Повеќе информации за iute сметка и начинот на нејзино отворање клиентите можат да најдат директно во апликацијата MyIute, како и на веб страната на Иуте.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично