ПОВЕЌЕ

    Инфлацијата станува фокусна точка за инвестиции и заштеди

    Време зa читање: 5 минути

    Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

    Американската берза минатата недела заврши горе-долу непроменета. Закрепнувањето на берзите беше стопирано од инверзната крива на очекувани приноси на американските државни обврзници. Станува збор за феномен кој според минатите податоци предвидува рецесија за американската економија. Инверзната крива настана минатиот четврток, кога очекуваниот принос на 2-годишната државна обврзница се искачи на 2,337%, надминувајќи го за неколку базични поени очекуваниот принос на најследената, 10-годишна американска државна обврзница. Вообичаено, инвеститорите бараат повисоки приноси за долгорочните обврзници, па затоа бараната крива на принос на обврзниците се зголемува. Но, кога долгорочните изгледи на економијата се песимистички во очите на инвеститорите, тие долгорочно инвестираат повеќе во сигурни обврзници, чии очекувани приноси последователно се намалуваат. Исто така, инвеститорите во пресрет на рецесија очекуваат пониски основни каматни стапки во далечна иднина, што пак го намалува очекуваниот принос на долгорочните обврзници, со што ќе падне бараната крива на принос. Инверзната крива се случила 28 пати во САД од 1900 година, проследена со рецесија 22 пати (во просек 22 месеци по појавата на инвертната крива). Конечно, инверзната крива во 2019 година точно предвиде рецесија, што секако се должи на Ковид-19 и затворањето на економиите во 2020 година. И покрај тоа што феноменот секогаш ги полни насловите на медиумите со песимистички прогнози и за економијата и за финансиските пазари, најследениот американски берзански индекс покажува многу пооптимистички бројки. Просечниот принос на индексот S&P 500 една година по исцртувањето на инверзната крива од 1978 година е 13,3%. Неопходно е да се земе предвид и фактот дека пазарот на обврзници во моментов е под силно влијание на американската централна банка, која има огромни количини на должнички хартии од вредност во билансите на состојба за да ја стимулира економијата преку монетарната политика, што ја нарушува сликата за пазарот на обврзници. Историјата нè учи дека  за долгорочните инвеститори, дури и со доаѓањето на кривата на инверзен принос на обврзниците, најлогично е да се придржуваат до стратегијата за одржување на отворени позиции и инвестирање преку програмирани уплати што дава најдобри резултати на долг рок.

    Во Европа, покрај војната во Украина, во фокусот на вниманието на инвеститорите беа мартовските податоци за инфлацијата во еврозоната, која веќе изнесува 7,5% на годишно ниво. Така, ефектите од војната во голема мера се рефлектираат во цените на готовите производи. Во февруари инфлацијата беше под 6%. Очите сега се вперени во прашањето за плаќање на рускиот природен гас, за кој Кремљ минатата среда побара плаќање само во рубљи, но ставот на Русија во меѓувреме донекаде омекна. Прекините во снабдувањето со гас во Европа засега изгледаат малку веројатни, но Германија и Австрија веќе ги презедоа првите чекори за рационализација на потрошувачката на гас.

    Податоците за индустриската активност на Кина во март покажуваат најголем пад по 2 години, главно поради строгите рестриктивни мерки по појавата на коронавирус во некои делови од земјата. Се очекува кинеската влада на падот на економската активност да одговори со дополнителен стимул за економијата, што ги охрабри инвеститорите на кинеската берза, која доби одреден замав минатата недела. Дури и решавањето на прашањето за кинеските компании на американската берза изгледа поверојатно.

    Американската влада одлучи да ги ослободи стратешките резерви на нафта поради високите цени на енергијата, кои ја поттикнуваат инфлацијата во сите области. Во текот на следните шест месеци, се очекува САД да обезбедува милион барели нафта дневно од своите резерви, што го намалува притисокот врз растот на цените на црното злато, барем на краток рок, но сепак нема да биде доволно за да се реши енергетската криза на долг рок. Картелот ОПЕК + не одговори на притисокот од Западот на неодамнешниот состанок и најави продолжување на постепеното зголемување на екстракцијата на нафта.

    СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ:

    Геополитичката ситуација и понатаму е многу непредвидлива, но ФЕД сè уште ги зголемува каматните стапки и пазарот порасна. Инфлацијата станува фокусна точка за инвестиции и заштеди. Инвестирањето во таква средина може да биде многу неизвесно на краток рок. Зголемувањето на каматните стапки во САД е неизбежно. Останува отворено прашање што ќе направи ЕЦБ во услови на зголемена инфлација. Војната и поврзаните нарушувања во логистичките синџири, како и високите цени на енергијата и суровините доведуваат до рецесија, така што централните банки имаат многу помал простор за маневрирање отколку во минатото. Цените на енергијата и суровините продолжуваат да растат или остануваат значително повисоки од пред 12 месеци. Од друга страна, приносите на банките остануваат негативни, а приносот што го нудат обврзниците е речиси 0. Инфлацијата, сепак неодоливо ги голта и банкарските депозити и вложувањата во обврзници. Одбранбениот пристап и разновидно портфолио се клучни за заштита на заштедите во оваа ситуација. Затоа, глобално диверзифицираните капитални инвестиции со комбинација на вложувања во обврзници остануваат најатрактивен избор, бидејќи капиталните инвестиции нудат одредена заштита од инфлација, а задачата на обврзниците е да го намалат ризикот на портфолиото. Акцентот е ставен на развиените пазари, посебно на САД. И покрај корекцијата, технолошките акции остануваат интересен избор за долгорочните инвеститори, бидејќи нудат раст на бизнисот и следење на идните трендови. Приказната за индустријата на снабдување е сложена поради приврзаноста кон руските енергетски извори, особено гасот, но се уште тука се наоѓаат можности. Финансиските акции станаа неатрактивни поради повисоката инфлација и пониските очекувања за зголемување на каматните стапки, но со зголемениот притисок дека ЕЦБ ќе мора да преземе нешто, инвеститорите похрабро влегуваат во индустријата. Пред сè, да истраеме со програмирани уплати, бидејќи историјата нè учи дека ова е убедливо најдобриот пристап за максимизирање на заштедите. Инвестирањата во тешки, предизвикувачките времиња се покажаа како натпросечни во повеќето случаи во период од пет години или повеќе.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично