Дваесет и две трансакции со 3.418 акции издадени од 16 дрштва е билансот од минатонеделните нетрговски трансфери. Мноштвото се обични, но има и стотина приоритетни акции.
Повторно, како и во текот на претходните седмици, Алкалоид се издвојува и по зачестеноста на трансферите и по бројноста. Регистрирани се четири преноси со 500, 200, 41 и со 828 обични акции. Нивната просечната цена е 25.024,42 денари, а вкупната вредност на трансферираните 1.569 акции е над 39 милиони денари, односно повеќе од 638 илјади евра.
Во три наврати е пренесувана сопственоста кај 368 акции на Комерцијална банка: 250 во понеделник, 30 во четврток и 88 во петок. Најтргуваната акција на Македонска берза минатата недела ја заокружи со ценовен просек од 27.459,65 денари.
Приоритетните акции се на Стопанска банка Скопје. Првиот трансфер опфаќа 109, а вториот 58 приоритетни акции. Овој вид акции имаат просечна вредност од 750 денари. Во изминатите 52 недели забележани се 40 берзански тргувања.
Во седмичната статистика на Централниот депозитар за хартии од вредност се внесени 13 единечни трансфери. Со знакот на Макстил се 587 обични акции, чија цена е просечни 115 денари. Нов сопственик добиле и 200 акции на Титан Усје, вредни девет милиони денари (45.000 денари за акција). На ВВ Тиквеш Кавадарци се 151 акција, со просечна цена од 8.650 денари, а на Тетекс Тетово – 119 обични акции (1.930 денари за акција).
Исто така, регистрирани се и 64 обични акции на ФЗЦ 11 Октомври Куманово, 52 на Тутунски комбинат Прилеп, 38 на ТТК Банка, 28 на Уготур, 26 на РЖ Интер-Трансшпед и 25 обични акции на Раде Кончар- Апаратна техника.
Со помали количини се три нетрговски трансфери. Извршен е пренос на 10 обични акции на РЖ Техничка контрола, 9 на Вабтек МЗТ и 5 обични акции на Макпетрол.
Аналитика








