
Zipp Club на Комерцијална банка продолжува со поддршка на иницијативи што создаваат вредност за младите. Успешно заврши и вториот круг гласање за донации, а членовите на Zipp Club најмногу гласови дадоа за Извидничкиот одред „Еквинокс“ од Штип.
„Еквинокс“ веќе седум години го гради карактерот, лидерството и чувството за одговорност кај младите преку извидничкиот дух. За да продолжат да растат, потребен им е безбеден и функционален простор. Со оваа поддршка, просториите на одредот ќе бидат реновирани и ќе станат топло место каде што младите ќе учат, ќе се развиваат и ќе создаваат вредности за иднината.
Во вториот круг, за поддршка конкурираа уште два проекти посветени на развојот и добросостојбата на младите:
АКТ Фондација, Скопје – од делење оброци, помагање на ранливи семејства, грижа за животната средина, па сѐ до грижата за бездомни животни, Фондацијата делува таму каде што е најпотребно. Со силна волонтерска енергија и млади луѓе што веруваат во промена, донацијата ќе значи директна поддршка за сите нивни хумани активности.
Библиотека „Кочо Рацин“, Тетово – 80 години е чувар на знаењето и културата. Со над 150.000 книги и илјадници активни читатели, библиотеката е срцето на читањето во Тетово. Донацијата ќе придонесе за збогатување на книжниот фонд со современи и едукативни изданија.
Преку Zipp Club, Комерцијална банка континуирано издвојува парични донации за поддршка на проекти и здруженија кои се посветени на прашања важни за младите, а членовите на Zipp заедницата преку гласање одлучуваат кој проект ќе добие најголема поддршка.
Во текот на оваа година ќе се реализираат вкупно пет круга на гласање, а во секој круг ќе се донираат 200.000 денари, кои ќе бидат распределени согласно бројот на освоени гласови од секој проект.
Сите корисници на Zipp пакетот за млади имаат можност да гласаат директно преку апликацијата мБанка, за проектот кој за нив има најголемо значење. Може да се гласа еднаш дневно со само еден клик што носи голема поддршка за важни општествени иницијативи.
Третиот круг гласање започнува на 15 мај, а повеќе информации за проектите и за резултатите од гласањето се достапни на страницата Zipp за заедницата.
Со Zipp Club, Комерцијална банка продолжува да гради одговорна, активна и вклучена заедница на млади луѓе, кои не само што ги користат современите банкарски услуги, туку и директно придонесуваат за позитивни промени во општеството.
Аналитика








