ПОВЕЌЕ

    На „Пелистерка“ ѝ тргна извозот – приходите со раст од 26 %, добивката за 48 %

    Време зa читање: 2 минути

    Зголемениот извоз е основата за подобрената финансиска слика на „Пелистерка“. И покрај падот на домашниот пазар, на крајот од првото тримесечје исходот кај добивката е за 48, а кај прометот за 26 насто поголем од ланските освтарувања во истиот период.

    Оперативните приходи реализирани од јануари до март достигнуваат 1,6 милиони евра, износ речиси идентичен со приходите од продажбата. Во тие рамки е и промената настаната во структурата на приливите. Домашниот пазар бележи пад од над еден милион на 976,7 илјади евра (- 7 %), Наспроти тоа, зголемувањето на странските пазари е за повеќе од 200 насто, па од таму се обезбедени 605,3 илјади евра (пред една година – 201,2 илјади евра).

    Зголемени се и трошоците од работењето на „Пелистерка“, но нивното движење е побавно од тоа на приходите. Расходите, кои во ланскиот прв квартал биле во износ од 1,1 милион, годинава се 1,2 милиони евра, односно проследени се со раст од 9 насто.

    Ваквиот сооднос се одразува кај профитабилноста. Нето-добивката достигнува 136,2 илјади евра, што претставува е раст од 48 насто во споредба со претходните за ланското прво тримесечје од 91,8 илјади евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично