ПОВЕЌЕ

    Подарени 5.416 акции вредни стотици илјади евра

    Време зa читање: 2 минути

    Преку 14 нетрговски трансфери реализирани минатата недела биле подарени 5.416 акции. Се работи за обични акции издадени од 11 друштва.

    Како и во претходните седмици, најчести се преносите извршени со акции на Алкалоид. Во три наврати се процесуирани вкупно 655 акции: 83 во вторик, 450 во среда и 122 во четврток. Нивната моментална просечна цена е 25.028,16 денари.

    Со акциите на Гранит се направени два трансфери – со 114 и со 56 обични акции. Градежната акција има просечна цена од 1.472,09 денари, произлезена од последното тргување на 17 април.

    Три трансфери се изведени со повеќе од илјада акции. Со знакот на АрцелорМиттал (ХРМ) се  1.550 обични акции. Сопственоста е пренесена и кај 1.182 акции на Македонски телеком. Овој подарок е вреден десеттина илјади евра, бидејќи просечната цена за акција е 502,96 денари. Либерти редовно е застапен во нетрговските трансфери, овојпат со количина од 1.076 обични акции. На Берзата, пак, во изминатите 52 недели се забележани 9 тргувања, а просечната цена е 6 денари за акција.

    Во неделната статистика на Централниот депозитар за хартии од вредност се регистрирани уште шест трансфери со: 250 обични акции на РЖ Услуги; 173 на Тутунски комбинат Прилеп; 140 на Македонијатурист; по 100 на ФЗЦ 11 Октомври Куманово и на Комерцијална банка; и 20 обични акции на ВВ Тиквеш Кавадарци.

    М.А.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично