ПОВЕЌЕ

    Да се биде добар на работа, наспроти да се чувствуваш добро на работа!

    Време зa читање: 3 минути

    Ако сакаме да бидеме среќни на нашите работни места, треба да бидеме добри во извршување на работните задачи.

    Секој од нас има потреба да придонесува кон нешто (независно дали е тоа дома или на работа), да создава некаква вредност и со тоа да правиме разлика и влијаеме на промените во нашето опкружување. Од таму и доаѓа дека кога ќе направиме некоја работа добро, да се чувствуваме супер, позитивни или со еден збор, неверојатно! Некако се чувствуваме горди, исполнети, вредноста во компанијата ни расте, поблиску сме до некои достигнувања.

    Од друга страна, пак, кога некоја работа не ја извршуваме добро, не ги исполнуваме целите или сме под постојана критика, се случува сосема обратното, односно се  создава чувство на несоодветност, недостаток на контрола, па и на крај дека не припаѓаме во тимот, околината и наскоро и тоа ќе се случи.

    Секако, во најдобар интерес на секоја компанија е да се осигура дека секој еден вработен и тим дава одлични резултати, односно дека секој еден од нив (индивидуално или како тим) и дека го даваат својот максимум, така што поврзано со насловот, среќни се на работа. За да се постигне тоа, секоја компанија се фокусира на развој на четирите следни области кај секоја индивидуа:

    • Развој на вештини: преку обуки, развој на компетенции кај секој вработен, натпревар за вештини за работа;
    • Поддршка: поддршка на соработник + менаџер, тренери/ментори, консултанти.
    • Ресурси: време, алатки, ИТ-системи;
    • Структура: организација, планови, цели, буџети, стратегија, процеси;

    Сите овие се важни, бидејќи ни овозможуваат да добиеме добри резултати. Некои од нив, како што и наведов, потребно е компанијата да ги даде за вработениот, но за некои од нив, потребно е и самиот вработен, самоиницијативно да ги преземе. Не е баш секогаш до компанијата.

    Сепак, многу вработени даваат одлични резултати, но не се чувствуваат така (чувството доаѓа од самите нив или од претпоставените), што доведува до нивно незадоволство на работа. А кога луѓето се незадоволни на работа, тоа им штети на нивната мотивација, продуктивност и креативност.

    Значи, да сумираме, покрај тоа што компаниите треба да им помагаат на своите вработени да остваруваат добри резултати, потребно е и да се погрижат за вработените да се чувствуваат одлично за нивните резултати.
    Исто така, и вработените треба да даваат добри резултати, за да може компанијата (читај претпоставените) да ги пофалува за остварените резултати и со тоа прават убавото чувство кај вработените за нивното постоење во компанијата.
    Гледате како се поврзани работите помеѓу себе… не може само вработениот да бара од компанијата (претпоставениот) или обратно, туку секој треба да го дава најдоброто од себе, за да има заемна хармонија.

    Калин Бабушки

    Член на тимот
    МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

    „Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат на www.pari.com.mk во соработка со www.tipoftheweek.co обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој:

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично