ПОВЕЌЕ

    Данска ќе ја издаде својата прва зелена обврзница на почетокот на 2022 година

    Време зa читање: < 1 минутa

    Централната банка на Данска соопшти дека десетгодишната зелена обврзница ќе биде издадена на 19 јануари 2022 година, со купонска стапка од нула проценти и рок на достасување до 15 ноември 2031 година, доколку пазарните услови се стабилни, пренесува Ројтерс.

    Данска ќе ја издаде својата прва зелена обврзница на почетокот на следната година за да помогне во финансирањето на транзицијата кон јаглеродно неутрална и одржлива економија, соопшти денеска данската централна банка.

    Данска, со кредитен рејтинг ААА, кој беше во првите редови на развојот на енергијата од ветер, се обидува да најде начин да ја финансира својата зелена транзиција, која вклучува намалување на емисиите на стакленички гасови за 70 отсто до 2030 година во споредба со нивоата од 1990 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично