ПОВЕЌЕ

    ВЛАДИМИР РИСТЕВСКИ, ПАРТНЕР И КРЕАТИВЕН ДИРЕКТОР НА ПИКСЕЛ МЕЃУ 40-ТЕ НАЈВЛИЈАТЕЛНИ И НАЈУСПЕШНИ БИЗНИС ЛИДЕРИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

    Време зa читање: 3 минути

    Во грандиозна атмосфера во Истанбул – Sait Halim Pasha Mansion се одржа гала вечера на која беа официјално промовирани 40-те најуспешни бизнис лидери под 40 години (40under40) од Југоисточна Европа. Со членството во ексклузивниот Business Elite’s “Executive Club”, наградените и официјално се приклучуваат на светската бизнис елита како дел од мрежата на најуспешни и најамбициозни бизнис лидери од светот.

    Владимир Ристевски истакна:

    „Ова признание е само мотив повеќе за сите нас млади лидери и претприемачи да продолжиме да градиме мрежа со истакнати професионалци кои можат да направат промени и во деловното работење во регионот, но и на светско ниво. Искуството кое што можев да го видам преточено во 40-мината луѓе на оваа гала вечера на која се доделија престижните награди 40 under 40 е огромно и сметам дека ако продолжиме деа работиме со ова темпо, дека наскоро ние како регионални лидери ќе имаме можност да покажеме уште многу, а со нас да повлечеме и нови генерации на млади претприемачи и професионалци кои ќе ги надминат и нашите успеси.“

    Што постигнавте на деловен план и кои се Вашите бизнис планови за во иднина?

    „Синергијата на менаџментот на Пиксел и на тимовите на професионалци кои имаме чест да ги наречеме наши колешки и колеги расте од ден за ден и тоа постојано се гледа низ нашата работа и низ призма на големиот број на реномирани компании кои стануваат наши клиенти. По речиси 10 години работа, Пиксел сега може да се пофали со три независни бизнис единици: софтверски и веб развој, дизајн и маркетинг кои функционираат самостојно, но и како една целина, со тоа што како компанија можеме да им понудиме на нашите клиенти можност да ги добијат сите бизнис услуги на едно место. Како компанија која се стреми да биде партнер за решенија на нашите клиенти, од голема важност ни е да соработуваме со компании кои ги делат истите вредности како нас и кои сакаат да дојдат до таканаречен дигитална зрелост, бидејќи во пандемијата речиси сите го почнаа процесот на дигитална трансформација, па време е со наша помош компаниите да стигнат до највисокото ниво на дигитален развој. Со речиси 45 специјалисти, тим лидери и експерти, Пиксел веќе е компанија која може да ги опслужи и најсериозните барања на клиенти од различни индустрии, па се надеваме дека растот со добри клиенти, услуги и привлекување, но и градење на квалитни кадри ќе продолжи и во иднина.“

    Ексклузивната „40 under 40” награда претставува едно од најпопуларните и најпрестижните признанија во светот за бизнис лидери и честопати е првиот поттик на многу успешни светски познати личности.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично