ПОВЕЌЕ

    ВАКЦИНА ИЛИ ОТКАЗ: Работниците мораа да изберат

    Време зa читање: 3 минути

    „Тајсон Фудс“, американскиот гигант во месната индустрија, убеди повеќе од 96 отсто од своите работници да се вакцинираат. Звучи како одличен пример за одговорноста на луѓето кои работат во прехранбената индустрија и на тој начин директно влијае на животите на милиони луѓе, но не е сè баш како што изгледа.

    Од компанијата „Тајсон“ најавија дека на вработените кои не се вакцинирани пред 1 ноември, рокот што им го постави раководството, ќе бидат отпуштени, но дека ќе можат да се вратат на работа доколку се предомислат и се вакцинираат.

    „Би сакал да им порачам на оние кои не се вакцинирани – ова е ваш избор и ние го почитуваме тој избор. Ако се предомислите и сакате повторно да се придружите на „Тајсон“ – кажете ни. Нашите врати се отворени“, изјави претседателот и извршен директор Дони Кинг.

    Компанија со седиште во Спрингдејл, Арканзас, која вработува 120.000 работници, на 3 август објави дека вакцинацијата е задолжителна и до кој рок работниците мора да ја примат вакцината доколку сакаат да ги задржат своите работни места. Тогаш беа вакцинирани околу 50 отсто од работниците во компанијата. По соопштението на раководството, бројот на вакцинирани рапидно расте. Како што беше најавено, речиси двојно се зголеми. Сега, 96 отсто од 120.000 вработени се вакцинирани, пренесува Fortune.com.

    „Ова е неверојатен резултат – не само за нашата компанија, туку и за вашите семејства и нашите заедници ширум светот“, рече претседателот и извршен директор на Тајсон, Дони Кинг во пораката до вработените

    Месната индустрија во Соединетите Држави беше сериозно погодена од пандемијата
    Во пролетта 2020 година, кога вирусот влезе во фабриките за пакување месо принуди привремено затворање на многу сали и производствени погони, бидејќи голем број работници се разболеле или морале да бидат ставени во карантин.

    Обединетиот синдикат на прехранбени и трговски работници објави дека најмалку 132 негови членови починале од вирусот, а околу 22.400 биле заразени или изложени на вирусот.

    Кинг рече дека „Тајсон“ забележал значителен пад на бројот на заболени од вирусот во своите работни единици откако биле вакцинирани поголем број работници.

    „Тајсон“ останува единствената голема компанија во индустријата за пакување месо која бара вакцинација. Другите месни гиганти се потпираат на напорите да ги охрабрат работниците да се вакцинираат.

    Синдикатот го пофали напредокот на „Тајсон“ во вакцинацијата, бидејќи со задолжителната вакцинација дојде и договор за сите вработени во компанијата да се обезбедат 20 часа платено боледување.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично