ПОВЕЌЕ

    Банките спремни – започна предвремена исплата на септемвриските пензии

    Време зa читање: 2 минути

    Како и секој изминат месец претходно, банките се спремни за навремена исплата на пензиите. Тие преку соопштение навремено ги известуваат своите ценети клиенти пензионери кога започнува предвремената исплата на пензии.

    Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка, со пензиите можат да располагаат од четврток 29.09.2022 година и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

    Пензионерите клиенти на Стопанска банка АД – Скопје со септемвриските пензии ќе можат да располагаат од 29.09.2022 (четврток), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

    Во прилог и известување од останатите банки:

    Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички од банките, ќе се спроведе во 4 групи, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:

    • До 11.000 денари на 29.09.2022 (четврток)
    • 11.001-14.000 денари на 30.09.2022 (петок)
    • 14.001-18.000 денари на 03.10.2022 (понеделник)
    • Над 18.001 денари на 04.10.2022 (вторник)

    За да се избегнат редиците и да се заштити здравјето од вирусот Covid-19 на сите корисници на банкарски услуги, Банките апелираат при посетата на филијалите и експозитурите строго да се почитува наведениот распоред, да се држи пропишаното минимално растојание – пожелно 2м, препорачуваат носење на маска/марама и да се врши дезинфекција на рацете.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично