Халк Осигурување АД Скопје на ден 31.12.2019 година преку петта емисија на акции го зголеми основниот капитал за вкупно 4.000.000 евра

Датум на објава: 09.01.2020

Време зa читање: < 1 минутa

Преку известување до Македонска берза АД Скопје, Халк Осигурување АД Скопје согласно со член 166 б став 1 точка 5 од Законот за хартии од вредност извести дека на дек 31.12.2019 година заврши петта емисија на акции по пат на приватна понуда.

Друштвото издаде нови 400.000 обични акции со номинална вредност од 10 евра за една акција при што основниот капитал е зголемен за вкупно 4.000.000 евра.

Прочитајте и ...  Инвеститорите ја губат довербата, „бродолом“ во нафтената индустрија

Зголемувањето на основниот капитал е извршен со трансформација на заем даден од страна на Единствениот акционер на Друштвото, ХАЛК БАНКА АД Скопје во влог преку издавање на нови акции од петта емисија по пат на приватна понуда.

По завршување на емисијата, Основниот капитал на Друштвото изнесува 10.500.000 евра.


Тагови: Халк банка АД Скопје, Халк Осигурување,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: