ПОВЕЌЕ

    Стабилно и успешно работење на Групација Триглав во првото полугодие од 2026 година

    Време зa читање: < 1 минутa

    Групација Триглав на полугодието ја потврдува својата прогноза за годишниот деловен резултат за 2026 година.

    Вкупниот деловен обем на Групацијата Триглав се зголеми за 13 проценти во однос на првото полугодие од минатата година, на 1.198,7 милиони евра. За тоа придонесе растот на премиите на сите регионални пазари, при што најизразен раст беше остварен на италијанскиот пазар.

    Деловниот резултат пред оданочување изнесуваше 105,2 милиони евра (109,6 милиони евра минатата година), а нето деловниот резултат 85,7 милиони евра (91,4 милиони евра минатата година).

    Комбинираниот количник изнесуваше 93,9 проценти (минатата година 88,2 проценти), а профитабилноста од новите склучени договори во сегментот Живот 13,9 проценти (минатата година 12,2 проценти).

    Годишниот поврат на капитал изнесуваше 16,5 проценти (минатата година 19,2 проценти).

    На крајот на полугодието, адекватноста на капиталот, со проценета вредност од 207 проценти, беше во рамки на целниот опсег, кој е поставен меѓу 200 и 250 проценти.

    Целосниот извештај може да го погледнете тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично