Седум нетрговски трансфери се регистрирани во неделната статистика на Централниот депозитар за хартии од вредност. Без берзанско тргување сопственоста е сменета кај 4.425 акции.
Најголемиот пакет се состои од 3.835 обични акции издадени од прилепскиот Мермерен комбинат. Со овие акции, на Македонската берза се тргувало шест пати во последните 52 недели, а просечната цена е 3.500 денари.
Пренос е извршен на 366 обични акции на Адинг АД Скопје. Нивната просечна цена е 2.600 денари, а датира од 13 август кога е забележана последната трансакција.
Подарени се и 49 обични акции на Раде Кончар – Апаратна техника. Во изминатите 52 седмици со акциите на ова друштво се тргувало 28 пати и имаат просек од 2.435 денари.
Сопственоста е сменета кај 40 обични акции на Макпетрол. Секоја од нив е со просечна вредност од 105.005 денари.
Трансфер е направен на 7 обични акции на Комерцијална банка. Акцијата што најчесто е на врвот меѓу најтргуваните има просечна цена од 26.290,93 денари.
Уште една акција што привлекува голем инвеститорски интерес – нов сопственик добиле 5 обични акции на Алкалоид АД Скопје. Имаат просечна цена од 23.017,23 денари.
Во минатонеделната статистика заведен е и нетрговскиот трансфер на 123 приоритетни акции издадени од Стопанска банка АД Скопје. На берзата, во 52 недели имало 47 трансакции, а просечната цена е 750 денари за акција.
Аналитика








