Роботите на Вол Стрит поуспешни од брокерите!?

Датум на објава: 14.02.2020

„Wall Street” се повеќе се врти кон роботски аналитичари – компјутерски програми потпомогнати од човечки аналитичари кои работат исто како и луѓето во скапи костуми кои работат на анализи за капитални инвестиции.

Според студијата на истражувачите од „Kelly School of Business” на Универзитетот во Индијана, роботите и повеќе од добро се снаоѓаат во однос на своите скапи колеги – луѓето.

Истражувачите испитувале повеќе од 76.000 извештаи за истражување издадени од група роботски аналитички фирми, откривајќи дека портфолиото коешто е формирано од нивните препораки за купување се чини дека ги надминува оние на човечките аналитичари – сугерирајќи дека повиците за вложување им се попрофитабилни.

Покрај тоа, роботските аналитичари заедно произведуваат поизбалансирана дистрибуција на препораки за купување, чување и продажба на акции, за кои истражувачите велат дека се помалку подложни на „предрасуди и судир на интереси“ отколку луѓето.

Робо-аналитичарите, исто така, ги ревидираат своите извештаи почесто од своите човечки колеги, при што тие ревизии помалку се потпираат на најавите за приходи, а повеќе на голема количина на податоци објавени во годишните извештаи на компанијата.

Извор: Bankar.rs


Тагови: Wall Street, Брокер, Робот,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: