ПОВЕЌЕ

    Лидерска конференција што носи финансиска моќ за малите и средни бизниси: Виница во фокусот на бизнис развојот

    Време зa читање: 2 минути

    Ако си сопственик на мал или среден бизнис, менаџер со визија или претприемач во развој – ова е твојата покана за промена.
    Во организација на Фондација Прогресив Академија, во Винчини Развоен Центар – Виница, ќе се одржи Прогресив Лидерска Конференција на тема „Пристап до финансии за мали и средни претпријатија“, на 15 мај (четврток) со почеток во 11:00 часот.

    Конференцијата е вистинска можност лично да ги запознаеш клучните луѓе и институции што можат да му помогнат твојот бизнис да обезбеди пристап до капитал, поддршка и нови пазари.

     На едно место – знаење, контакти и инспирација.

    Преку три фокусирани панели, ќе бидат презентирани конкретни финансиски и донаторски инструменти, поддржани со практични искуства

    Панел 1: Финански инструменти за финансирање на мали и средни претпријатија
    Маја Столевска
    – Главен регионален координатор меѓународен советник во Западен Балкан oд Европска Банка за обнова и развој
    Марија Јаневска – претставник од Агенцијa за поддршка на претприемништво
    ШПАРКАСЕ БАНКА – GO DIGITAL
    Горан Ковачев – раководител на сектор планирање и анализа од Развојна банка на Македонија

    Панел 2: Донаторски инструменти за финансирање на бизнисите
    Димитар Ангелкоски
    – претставник од финансиско друштво FACTOR TRUST
    Игор Стојменоски – независен консултант за ИПАРД
    Александар Стамболиев – извршен директор на Акцелераторот на УКИМ
    Тања Георгиевска – Заменик тим лидер од Швајцарска програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ панел

    Панел 3: Можности за развој на бизнисите
    Ѓоко Вукановски – оперативен менаџер на Македонска Асоцијација на човечки ресурси
    Биљана Митева – претседател на Македонско – Бугарска стопанска комора
    Ромео Костадинов – сопственик на ЕУРО КОНСАЛТ ПЛУС
    Димитар Салов – Раководител на трговско-економска канцеларија во Бугарска амбасада

    Настанот е отворен за сите заинтересирани за раст и развој на сопствениот бизнис. Местата се ограничени – пријавете се ТУКА и осигурајте го вашето место!
    Цена за едно лице – 1000 денари, за две лица од иста компанија -1500денари.

    Се гледаме на 15 мај во Виница!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично