ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка АД Скопје продолжува со поставување на нови банкомати за внесување готовина

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комерцијална банка АД Скопје продолжува со поставување на нови банкомати за внесување готовина во филијалите во Штип, Охрид и Струмица, како и во ТЦ Капитол во Скопје.

    Со овие нови банкомати, услуга за внесување готовина отсега е достапна на уште четири нови локации покрај досегашните 11: Ѓорче Петров, Ченто, Маџари, ГТЦ, Стопанска комора, Лептокарија, Буњаковец, Бисер, Автокомандa, 11 Октомври и Сити мол.

    Комерцијална банка АД Скопје и во следниот период ќе продолжи да излегува во пресрет на барањата и потребите на клиентите, ширејќи ја мрежата со банкомати за уплата на готовина низ повеќе градови во земјата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично